Повеќе од 100 илјади Британци ја потпишаа петицијата, покрената на интернет, со која со бара од британската влада да прифати повеќе од бегалците кои доаѓаат во ЕУ од земјите на Блискиот Исток, а пред се, од Сирија.
Аргументите на потписниците се дека Британија не смее да стои настрана и незаинтересирано во време додека ЕУ се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна.
Германија до крајот на оваа година се верува дека ќе има на својата територија околу 800 илјади луѓе, а оваа земја, заедно со Франција, Италија и Шведска имаат досега примено повеќе сириски и ирачки бегалци, пропорцинално на нивната големина во споредба со Велика Британија.
Петицијата е покрената откако, еден од кандидатите за нов лидер на опозициските лабуристи, Ивет Купер, поранешен британски министер, побара од владата на конзервативците да се согласат со прием на десет илјади семејства од Сирија, што би биле распоредени по десет во секоја од британските општини.
Претходно Берлин и Виена побараа од Лондон да направи повеќе во сегашната бегалска криза, што ја има погодено ЕУ, предупредувајќи дека во спротивно Британија не би требала да очекува разбирање и подршка за нејзините барања за реформирање на Унијата и за нови преговори на Британија со Брисел.
Бројката од над сто илјади потпишани на петицијата е доволна за покренување политичка дебата во британскиот Парламент, за европската бегалска криза и за односот на Британија, што денеска го предложија лабуристите.
Извор од Даунинг стрит 10, за БиБиСи изјави дека „нема да се обрнува внимание“ на апелите за прием на повеќе бегалци од Блискиот Исток.
Според овој неименуван извор, Британија од минатата година прифатила 216 луѓе, според шемата за распоредување на најранливите категории луѓе меѓу бегалците, а други пет илјади добиле азил, во изминатите четири години.
Првпат досега, дестина пратеници од владејачката Конзервативна партија, побараа од својот лидер и премиер, Камерон да ја смени позицијата и Британија да го покаже своето „хумано лице„ онака како што тоа го има правено многу пати досега, забележувајќи дека овде не станува збор за баратели на азил, туку за бегалци од војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти