Со пет специјални возови околу 3.000 емигранти во текот на изминатово деноноќие биле превезени по железнички пат од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија до кампот во Табановце.
Утрово на платформата кај кампот на утовар чекаше првиот воз за денеска, а на железничката станица во Гевгелија на повик за превоз на емигранти подготвено чекаат уште два воза, информираа од железничката станица.
Според проценката на УНХЦР, во текот на вчерашниот ден од Гевгелија кон Табановце заминале околу 3.500 емигранти, од кои поголемиот дел биле превезувани со воз, а помал дел со автобуси и такси возила.
Според нив, работите на терен во прифатниот камп се одвиваат беспрекорно од страна на сите чинители вклучени во справувањето на бегалската криза, а постигнато е високо ниво и во организацијата на транспортот на емигрантите кои веднаш по евидентирањето заминуваат од јужната кон северната граница на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти