Кинескиот претседател Кси Џинпинг најави денеска, за време на воената парада во Пекинг, намалување на армијата за 300.000 војници и порача дека Кина секогаш ќе оди по патот на мирољубив развој.
Сепак и со намалувањето од 300.000 војници, Народната ослободителна армија на Кина, која брои 2,3 милијарди војници, ќе остане најбројна армија во светот.
– Кинеската апсолутна победа над јапонската инвазија го врати статусот на Кина како значајна држава во светот, нагласи Кси, на парадата по повод 70-годишнината од победата над фашизмот и победата на кинескиот народ во народно-ослободителната борба против Јапонија.
На парадата присуствуваа над 30 шефови на држави и влади од светот. Меѓу нив и рускиот претседател Владимир Путин и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
На свечената парада на Тјенанмен учествуваа 12.000 припадници на кинеската армија, околу 1.000 војници од 17 држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.