| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка критикувана поради обележување на бегалците со бројки на кожата

цеска

Чешката полиција предизвика многубројни критики и реакции на социјалните мрежи поради воведувањето на најновата мерка на обележување на бегалците со бројки, јави дописникот на МИА од Прага.

Видеата и фотографиите што ги објавија странските медиуми, а на кои се гледа како полицијата ги симнува од воз бегалците и со маркер им пишува бројки на рацете, за што полицијата тврди дека го олеснува регистрирањето на бегалците што немаат документи, а влегуваат во земјата, многумина го осудија и споредија со практиката на нацистите кон Евреите.

– Тоа е многу сериозна работа. Десетици бегалци беа означени буквално како добиток, кој оди на колење. Несомнено, тоа потсетува на најтемниот период од современата историја – изјавил шефот на Унијата на италијанските еврејски организации.

Според чешкото Министерство за внатрешни работи ,,означувањето е воведено поради големиот број деца меѓу бегалците и целта е спречување на децата да се загубат“.

Портпаролката на полицијата во одделот за странци, исто така, информираше дека на тој начин се идентификуваат цели семејства, се запишува кодот на возот во кој патуваат за да знаат каде да ги вратат во случај повторно да се најдат на чешка територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top