По камен-темелникот за ново училиште во Кисела Вода и отворање на ново во Бутел, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски присуствуваше на пуштање во употреба на ново средно училиште и доградби на два ката на две основни училишта во општина Шуто Оризари.
Станува збор за вкупна инвестиција од 3.100.000 евра. Новото средно училиште, прво во општината, „Шаип Јусуф“ е инвестиција од 85 милиони денари, сместено на површина од 4405 метри квадратни. Има 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.
Македонскиот премиер ги посети двете ново-доградени двокатни училишта. Во ОУ „26-ти јули“се инвестирани 31 милион денати на просторни услови за 270 деца. Таму се изградени 9 нови училници, помошни простории на два нови ката. Владата инвестираше и во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“. Во ова училиште сега има простор за дополнителни 560 ученици во 21 училница на два ката. Станува збор за инвестиција од 75,4 милиони денари.
– Секое училиште ќе понуди настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената струка, градежно-геодетска струка, лични услуги, угостителско-туристичка струка, економско-правна струка и трговска струка. Верувам дека многу млади луѓе ќе се пронајдат во овие струки и од клупите на ова училиште ќе произлезат многу квалитетни кадри на кои ќе се гордее цело Шуто Оризари, целата ромска популација и цела Република Македонија, истакна премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст