| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пехар за Барса, Лазаров МВП

barca-500
Ракометарите на Барселона продолжија со успешни игри и освојување трофеи во шпанскиот и европскиот ракомет.
За само пет дена по втор пат го совладаа Грањолерс и го освоија 18.от АСОБАЛ Суперкуп, четврт последователен.

Признанието за најкорисен играч и најдобар стрелец на мечот во Сарагоса е за македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Барса многу потешко дојде до победата од 26:23, за разлика од мечот во петокот во Џирона во рамките на каталонскиот Суперкуп.

Избраниците на Чави Пасквал мораа максимално да се намачат за да стигнат до вториот трофеј во новата сезона, која се наоѓа на самиот почеток.

Лазаров со осум голови беше најдобар стрелец за Барселона, капитенот Виктор Томас постигна шест.

Во тимот на Грањолерс најсветла точка беше Де Толедо со пет погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top