Бројот на бегалци, што стигнале до Централна и Западна Европа преку Балканот, е зголемен за најмалку шест пати од јуни, изјави еврокомесарот за проширување и политика на соседство Јоханес Хан, пренесува ТАСС.
Во интервју за телевизија „Евроњуз“ Хан нагласи дека тоа не е проблем на Балканот. Земјите од Западен Балкан се само транзитна територија, нагласи тој, додавајќи дека ЕУ им дала соодветна помош, доделувајќи по 1,5 милиони евра дополнителни средства на Србија и Македонија за обезбедување на привремено прибежиште на мигрантите.
ЕУ се надева дека државите од регионот ќе станат дел од паневропското семејство, истакна Хан, додавајќи дека бегалската криза нема да влијае на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.