Одредбата да се вози со запалени светла најверојатно ќе се применува и натаму. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната јавна дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најави дека ќе поднесе амандаман со кој ќе бара и натаму да остане обврската возилата да се управуваат со запалени светла и дење.
Пратениците, но и претставниците на неколку здруженија, сметаат дека возилата треба да се управуваат со запалени светла бидејќи на тој начин се зголемува безбедноста во сообраќајот.
Амандамни за овој закон освен ВМРО-ДПМНЕ најави и независната пратеничка Роза Топузовка Каревска, која смета дека текстот треба да претрпи измени. И таа смета дека сите треба да возат со запалени светла.
Нола Исмајловска-Старова смета дека оваа одредба треба да остане, но и дека треба да се разгледа одредбата која се однесува на малолетниците кои сакаат да добијат дозвола за управување автомобил, но и други членови од законот.
Претставникот на Мото заедницата, Благоја Мартиновски, рече дека според него, безбедноста во сообраќајот е зголемена кога се вклучени светлата на возилото. Во законот, како што кажа, треба да биде наведено дека мотоциклистите мора да носат кацига, која задолжително треба да поседува безбедносен сертификат. Лицата што поседуваат „Б“ возачка дозвола побараа да имаат право да управуваат и скутери до 125 кубни сантиметри, а Мартиновски вели дека за мотоциклистите нелогичен е и членот 277 што се однесува на возач почетник.
На јавната дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што ја организираше Националниот совет за евроинтеграции, беа изнесени бројни забелешки за законот, како од пратениците така и од претставници на здруженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст