| четврток, 6 декември 2018 |

Сопирачки на патот до успехот

успех

Интелигентни сте и креативни, но од некоја непозната причина никако не напредувате. Нешто ве кочи, нешто што не гледате или, пак, не сакате да го видите.

Во текот на едно истражување, откриени се петте најчести кочници што луѓето ги имаат кога станува збор за остварување на успех и искористување на максималниот потенцијал.

Мрзливост – Мрзеливоста е недостаток на волја да се вложи во нешто. Иако работата не секогаш ви е привлечна, тоа не е причина да бидете пасивни. Не постои личност која потполно ги исполнува должностите и обврските, но затоа сите успешни луѓе се подготвени за напорна работа.

Страв – Се плашите да не излезете смешни пред колегите, се плашите да не доживеете неуспех, се плашите да преземете иницијатива… За да напредувате, одбијте ги мислите дека сте ограничени на било кој начин. Изградете силна самодоверба, развијте ги максимално своите таленти и вештини.

Негативни мисли – Дружете се со колегите кои одговараат и се радуваат кога во близина имаат добар работник. Престанете да се зближувате со оние кои имаат низок квалитет на работа. Дружете се со луѓе какви што сакате да бидете.

Претерано анализирање – Премногу размислување создава параноја. Не размислувајте една ситуација по 10 пати, тоа само ве кочи во напредокот. Пронајдете активност која ќе ве опушти, како што е прошетката или спортот. Кога ќе се вратите на работа ќе бидете подготвени за работење и нови успеси, наместо за неколкучасовни анализи.

Бесцелност – Ништо не планирате, верувате дека некако и некаде сè што треба ќе се случи? Неопходни ви се цели, а стручните лица кои се занимаваат со мотивациски активности предлагаат секојдневно да се будите со мислата дека треба нешто да направите за да и се доближите на целта. Обидете се, ќе вреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top