| четврток, 6 декември 2018 |

Петко Шипинкаровски – добитник на наградата „Ѓорѓи Котевски“

Петко Шипинкаровски е добитник на наградата „Ѓорѓи Котевски“ за книгата раскази „Еден живот, една приказна“.

knigaa

Книгата на Шипинкаровски беше доставена под шифра „Светулки во глуво доба­ 2015“ на конкурсот што втора година по ред го објави Советот на Културно­-научната манифестација „Пелагонски средби“ – Новаци. ­ Книгата „Еден живот една приказна“ е всушност нишка ткаена низ нашиот животен опстој и совремие, историските токови и раскажување за човековите судбини врзани со пораки низ мудроста и снаоѓањето во животниот простор, пишува авторот Шипинкаровски. Петко Шипинкаровски е автор на повеќе романи, поетски збирки и збирки раскази, монодрама, како и книги од науката и публицистиката. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Здружението на новинарите на Македонија и на Македонското научно друштво – Битола. Учесник е на повеќе научни и литературни манифестации во Македонија и во странство, преведен и препеан е на повеќе јазици. Главен и одговорен уредник е на списанието за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга и организатор на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“. Добитник е на повеќе награди и признанија. Минатогодишен добитник на наградата „Ѓорѓи Котевски“ е Елена Г. Костадиновиќ за книгата раскази „Бунар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top