| четврток, 6 декември 2018 |

Награда „Стојан Христов“ за книгата „Ода за Орфеј“

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, наградата “Стојан Христов“ ја додели за книгата “Ода за Орфеј“ од Снежана Алексиќ Станојловиќ, писателка која живее и работи во Нови Сад, Србија.

snezana4

Издавач на книгата е Книгоиздателството “Феникс“ од Скопје, а наградата се доделува за најдобра книга од иселеник кој пишува на македонски јазик.

Поетската книга “Ода за Орфеј“ е двојазично издание на македонски и српски јазик и во неа се содржани песни за татковината, љубовта, животот, спомените и носталгијата. Наградата беше врачена во рамките на манифестацијата “Струшки вечери на поезијата“ во Струга.

Авторката Снежана Алексиќ Станојловиќ е родена во Скопје, каде го поминува детството и го завршува основното, средното и високото образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top