| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо на Владе Дивац: Како да го сопрам моето вртоглаво растење?

vlade divac

Кошаркарската легенда Владе Дивац остави трага во НБА-лигата, меѓутоа како тинејџер не бил одушевен со својата висина.
Имено, кога имал 14 години Дивац пишал писмо до весникот „Политика“, кое било објавено во додатокот „Забавник“.
vlade
-Имам 14 години, висок сум 188,5 сантиметри. Ме интересира дали постои начин да се запре моето вртоглаво растење. Ве молам за што попрецизен одговор – прашал младиот Дивац во далечната 1982 година.
Во форма на одговор, Дивац добил совет да го посети својот лекар, но воедно добил објаснување дека се работи за хормони и дека не постои вртоглаво растење кај човекот.

Од редакцијата на „Забавник“ потврдиле дека писмото е од славниот кошаркар, кој во тинејџерските години се решил да игра кошарка.
divac

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top