| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник е втората жртва во убиството во Драчево

Седумнаесет годишниот Адем.В. од скопското село Студеничани е втората жртва која полицијата на 31 август вечерта ја пронајде во возило марка „ровер“ на патот од Драчево кон Количани.
ubistvo-np
Малолетникот бил пријавен за исчезнат од страна на својот татко кој вчера во полиција пријавил дека неговиот син на 29 август се оддалечил од домот во непознат правец.
Времето на исчезнување се поклопува со првата жртва која беше најдена во автомобилот, 28 годишниот жител на Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top