Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова денеска ги посети децата кои се испратени на климатска рехабилитација во националниот парк Пелистер.
За време на посетата на детското одморалиште, Лепиткова истакна дека активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес.
– Оваа активност ја реализираме повеќе од една деценија. Вклучени се деца од регионите кои се под влијание на металургиските капацитети и на кои им е неопходен планински воздух. Тука се сместени повеќе од 130 деца од општините Велес, Кавадарци, Илинден кои престојуваат по седум денови со што продолжува реализацијата на континуираната програма, посочи Липиткова.
Средствата за седумдневна рехабилитација на децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст