| четврток, 6 декември 2018 |

Исланд: Дванаесет илјади жители понудија сместување за бегалците од Сирија

Исланд има 320 илјади жители, но дури 12 илјади од нив објавија дека се спремни да понудат сместување за сириските бегалци во своите домови. Исто така, тие побараа од Владата да се укине огреничувањето според кое само неколку десетици бегалци може да побараат азил во нивната држава.

rejkjavik

Познатата исландска писателка и професорка на Уметничката академија на таа земја Бриндис Бјоргвинсдотир откако Владата објави дека ќе прими само 50 сириски бегалци, покрена кампања на „фејсбук“ под името „Сирија ве повикува“ и на тој начин ги поттикна луѓето да им понудат сместување на бегалците.

За кратко време дури 12 илјади луѓе се пријавиле да им понудат сместување на бегалците од Сирија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top