| четврток, 6 декември 2018 |

Боно е најбогат светски музичар поради „Фејсбук“

Боно Вокс во 2009 година купил 2,3 отсто удел во акциите на „Фејсбук“, за 56 милиони фунти. Вредноста на неговите акции денес се искачила на вртоглавите 940 милиони фунти. Тоа значи дека фронтменот на бендот „Ју ту“ во последните шест години, врз основа на тоа заработил повеќе, отколку во текот на целата своја музичка кариера.

44th Annual Meeting of the World Economic Forum
Со овој потфат, ирскиот музичар го симнал од тронот Пол Макартни, кој до неодамна важеше за најбогат светски музичар. Но, тој сега е на второто место со богатство од 739 милиони фунти, а на третото место е Мадона со 520 милиони фунти.
Пред три дена, „Фејсбук“ го оствари овој рекорд. Оваа социјална мрежа во еден ден ја користеле една милијарда луѓе, со што се пофалил и самиот нејзин основач, Марк Цукерберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top