| четврток, 6 декември 2018 |

Осум колапси поради топлото време

Горештините невообичаени за овој период ги покосија скопјани. Екипи на Брза помош вчера интервенирале дури кај осум колапси. Сите биле на јавни места.

brza-pomos1

 

Се онесвестиле додека чекале во банка, во училиште и канцеларии. Черворица од нив завршиле во болница. Останатите добиле итна помош на лице место. Според евиденцијата во службата, во текот на вчерашниот ден има повеќе колабирани отколку во јули кога температурите беа над 40-тиот степен.

Лекарите уште еднаш апелираа до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високи температури кои важат веќе два месеци – да не излегуваат без потреба во најтоплиот период од денот, повеќе течности и лесна храна. Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Високи температури според најавите ќе има и денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top