На Скопската тврдина (Кале) од денеска до 6 овој месец, по осми пат, ќе се одржува традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.
На „Пиволенд 2015“ ќе бидат понудени повеќе од педесет брендови пиво и гурманска храна. Годинава, покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе бидат понудени и пива од Мексико, Шпанија, Греманија, Чешка и од Белгија… Оваа година акцентот ќе биде на белгиските, при што ќе бидат понудени преку 20 брендови на пиво од оваа земја.
Петте фестивалски дена ќе бидат исполнети со богата музичка програма, со настапи на големи имиња од македонската музичка сцена, како и со настапи на гости од странство. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Тони Зен, „Ласт експедишн“, „Суперхикс“, „Смат“, „Културно уметнички работници“, „Флека“, Есма Реџепова, „Верка“, „Барбарела“… од странство ќе гостуваат „Лемон бакет оркестра“ од Канада, „Бркови“ од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со групата „Блендед бру“ од Данска.
Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 200.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст