По посетата на премиерот Никола Груевски и увидот во работите, изградбата на новиот пат до долнореканското село Скудриње ќе заврши за неколку дена. Патот е во должина од 3,6 километри и е крак од регионалниот пат Маврово-Дебар.
– Вкупната инвестиција изнесува 40 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта. За неколку дена работите треба да завршат. Најпрво извршиме пробивање на патот, а поради теренот неопходно беше поставување потпорни ѕидови и други бетонски работи, поради неколкуте свелчилишта, изјави градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.
Тој додаде дека долж овој патен правец на неколку места има и паркиралишта.
– Долж патот има и места за паркирање. Во целина видно ќе се подобри комуникацијата на жителите и бизнисот, што е наш приоритет за економски и општ развој на општината, нагласи Мехмеди.
Ова е последователна инвестиција, реализирана во последните години, со кои благодарение на подршката на Владата многу се подобрени условите за живот во реканскиот регион.
Нови асфалтирани патишта добија повеќе населени места, некои и за првпат, а реконструиран и проширен беше и патот до Бигорски манастир.
Жителите од Скудриње ја поздравуваат реализацијата на овој проект, бидејќи ќе се надминат проблемите со нормалното стигнување до селото, поради преоптовареноста на стариот пат.
Во селото живеат над две илјади жители, а делуваат и поголем број мали бизниси, во кои има и инвестиции на наши печалбари. Во меѓувреме во тек се и активностите за поставување улично освтелување на две делници кои се дел од региналниот пат Дебар-Маврово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии