| четврток, 6 декември 2018 |

САД испратија крстосувач во близина на Северна Кореја

САД испратија воен крстосувач кон Северна Кореја, кој поседува противвоздушна одбрана способна да урне ракета која би била истрелана од Корејскиот Полуостров.

Воениот брод „УС Фицџералд“ допатувал во Јужна Кореја за да учествува во воените вежби, но потоа американската војска реши да го испрати во југозападниот дел од полуостровот наместо да го врати во пристаништето во Јапонија.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека, и покрај сериозни закани на Северна Кореја, сѐ уште не е забележана масовна мобилизација или поголеми поместувања на трупите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top