Месецот што измина е најкрвавиот од почетокот на судирите во Сирија по бројот на жртви, покажуваат бројките на сириската опсерваторија за човекови права, според која во вооружените судири во земјата во март загинале 6.005 луѓе.
– Од нив, 2.080 се цивили, меѓу кои 298 деца помлади од 16 години. Меѓу убиените има и 291 жени – рекол Рами Абдел Рахман, директор на опсерваторијата за човекови права на Сирија.
Најголем број убиени во минатиот месец имало меѓу бунтовниците. Меѓу убиените биле и 86 војници кои решиле да ги променат страните и да се приклучат на бунтот, но имало и голем број кои не биле од Сирија. Од страната на Асад биле убиени 1.464 војници.
Од март 2011 година до јануари годинава, според Обединетите нации, во судирите во Сирија биле убиени повеќе од 70.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


