Полициски припадници денеска околу пладне застрелале во нога вооружен човек на железничката станица во градот Дармштад, во близина на Франкфурт.
Уапсениот човек носел нож и се обидел да нападне патници по што полицајците почнале да пукаат.
Напаѓачот, кој е префрлен во болница, е на возраст меѓу 20 и 30 години, но засега нема информации за мотивите на нападот. Инцидентот не се поврзува ниту со радикалните структури, ниту со бранот бегалци од Сирија и Ирак, кои минатата недела предизвикаа немири во повеќе германски градови.
Откако напаѓачот им се заканувал на персоналот и на патниците со нож на станицата која е една од најфреквентните во Германија, почнала голема паника, по што интервенирала полицијата, а привремено е запрен железничкиот сообраќај. Низ Дармштад дневно минуваат 220 возови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



