На втори септември, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството ќе престојува во еднодневна посета на Република Полска. Во рамките на посетата министерот Јолевски ќе оствари средба со полскиот министер за национална одбрана, Томаш Шимоњак.
Воедно, во текот на утрешниот ден, министерот Јолевски ќе ја посети и 23. Егзибиција на одбранбената индустрија во Киелце, Полска.
Македонија и Полска имаат одлична одбранбена соработка, која се карактеризира со континуирани средби на високо ниво. Двете земји потпишуваат и годишни билатерални планови за соработка со активности со висок степен на реализација. Дел од соработката помеѓу двете земји е учеството на питомци од Полска на меѓународниот Летен кампус во Република Македонија, како и интензивната соработка помеѓу Воената академија и Националниот универзитет за одбрана во Полска.
Република Полска целосно ја поддржува Република Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО. Министерот Шимоњак во повеќе наврати има истакнато дека Македонија ги исполни сите критериуми и дека заслужува да биде дел од НАТО. Пример за тоа е и неодамнешниот Глобален самит во Вроцлав, на кој полскиот министер истакна: „Од позиција на министер за одбрана, можам да кажам дека Македонија е најдобро тестираниот партнер на НАТО. Тоа е само една од многуте причини заради кои треба да имаме специјална перспектива кон Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



