
Атрактивната супермоделка Ирина Шаjк, светски познатата тенисерка Марија Шарапова и холивудската актерка Меган Фокс се само дел од глобалните ѕвезди што се ангажирани како заштитни лица на козметичката компанија „Авон“, а на тоа ексклузивно семејство за првпат му се придружува и македонско познато лице – популарната пејачка Каролина Гочева.

Taa e eдна од најнегуваните дами на домашната сцена и убедливо највпечатливата македонска ѕвезда.

– Среќна сум што ќе соработувам со компанија како што е „Авон Македонија“ и што ќе ги приближам нивните производи до македонските жени. Уште кога ги почнавме преговорите запознав успешни, професионални и креативни жени со кои е задоволство да работиш. Во мај во Полска направивме и фотосесија за премиум-парфемот „атракшн“ на која се чувствував како вистинска ѕвезда. Дел од фотографиите веќе беа споделени во медиумите и на социјалните мрежи, а со задоволство можам да кажам дека следуваат уште многу изненадувања и активности – изјави Каролина на денешната прес-конференција по што беше емитувано видео со материјали одзади сцената од сесијата во Полска.

Националниот менаџер на продажба на „Авон Македонија“, Дана Стојкова истакна дека компанија отсекогаш имала практика да соработува со познати личности од различни сфери.
– По 10 години работа во Македонија, нашиот пазар е созреан за да почнеме соработка со локална ѕвезда. Слободно може да се каже дека Каролина е име што таа го гради веќе 20 години. Скромна, духовита и секогаш верна на себеси и на тоа што го прави. Вистинска дама, која е претставник на приказната на „Авон Македонија“ – вели Стојкова.
Во текот на 129 години постоење на интернационалната компанија, голем број светски познати личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на овој козметички гигант, меѓу кои актерките Салма Хаек, Рис Витерспун, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, пејачката Ферги, тенисерката Марија Шарапова, супермоделките Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и актуелната глобална амбасадорка за убавина и топ-моделка Ирина Шајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


