
Во општина Кисела Вода денеска почна изградба на ново училиште лоцирано до објектот на постојното ОУ „Невена Георгиева Дуња“. Новата училишна зграда ќе биде со површина од 1.220 метри квадратни, а инвестицијата вредна 75 милиони денари е на Министерството за образование и наука.
На поставувањето камен-темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот и заменик-министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и Спиро Ристовски и раководството на општината.
Премиерот Груевски истакна дека денешниот ден – почетокот на учебната година е одлична симболика да се означи почетокот на новиот проект во Кисела Вода и изградбата на уште едно ново училиште во Македонија. Наставата во ОУ „Невена Георгиева Дуња“, укажа Груевски, повеќе од 50 години се изведува во стари монтажни објекти.
– Новото училиште ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Просторот ќе биде поголем, ќе има подобра изолација затоа што ќе биде објект од тврда градба со целосно нова опрема, нови училници, нови кабинети, машинско одделение, работилница, магацин и сѐ што значи комплетно ново училиште – рече Груевски.
Новото училиште, како што најави, треба да биде готово за 16 месеци, односно до крајот на 2016 година. Со оваа инвестиција ќе се добие ново и современо училиште на два ката со вкупен капацитет од 600 деца во две смени.
Министерот Адеми потенцира дека над 500 ученици од прво до деветто одделение ќе добијат нов современ објект. Паралелно со изградбата наставата ќе се одвива непречено во останатите два објекта на истата локација. Во тек на летниот период, како што информира Адеми, над 40 училишни објекти низ цела Македонија беа обновени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст








