| четврток, 6 декември 2018 |

Со нова медицинска опрема до намалување на смртноста на бебињата

How-to-Increase-a-Babys-Sleep-Time
Ќе биде набавена нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија.
-Оваа опрема ќе биде од исклучителна важност за намалување на смртноста на бебињата – најави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека набавката на опремата ќе чини 50 милиони денари, а процедурата е во тек.

-Имаме посебен проект во Владата и во Министерството за здравство за преземање на сите потребни мерки за намалување на смртноста кај доенчињата и затоа набавивме нова опрема во износ од 50 милиони денари – истакна премиерот.

Груевски истакна дека континуирано се вложува во здравството и веќе е започната процедурата за набавка на компјутерска томографија во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, во вредност од 20 милиони денари.

Се очекува дека до крајот на месецот октомври опремата ќе биде комплетно инсталирана.

Премиерот потсети дека веќе е реализиран и проект за набавка на опрема во здравството, со кој биле вложени 100 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top