| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Не обвинувајте ја Германија за сириските бегалци

merkel2
Германската канцеларка Ангела Меркел побара нејзината земја да не се обвинува за бранот сириски бегалци кои се обидуваат да дојдат до Германија.

Меркел изјавата ја даде откако стотици бегалци беа блокирани на главната железничка станица во Будимпешта, од каде што по неколку часовни протести продолжиле кон Германија како главна европска дестинација.

Претходно, унгарската влада ја пофали владата во Берлин за пофлексибилен однос кон сириските бегалци. Германската влада им сугерира на европските претставници да не ги враќаат сириските бегалци назад во првата земја каде што стапнале во ЕУ, како што налагаат правилата на Унијата.
Macedonian police officers control departure of the migrants in the train heeding to the Serbian border

Меркел денеска изјави дека „Сиријците имаат големи шанси да добијат азил што не би требало да биде изненадување ако се имаат предвид европските правила“, но таа порача дека на ист начин со бегалците треба да постапуваат сите европски земји, а не само Германија.

– Јасно дека сегашните правила не се практикуваат – изјави Меркел, според која одговор на новите миграциски предизвици е заедничка европска политика за азил со „фер дистрибуција“ на бегалците кај сите 28 членки на ЕУ.

Се очекува официјален Берлин до крајот на годинава да згрижи преку 800 илјади потенцијални азиланти од Блискиот Исток, од Африка и од јужна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top