| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите во Хрватска не подоцна од 15 ноември

хрват

Хрватскиот сабор ќе биде распуштен пред 22 септември, а парламентарните избори ќе бидат одржани најдоцна до 15 ноември, пишува загрепски „Вечерњи лист“.

Вонредната седница на Саборот ќе почне на 8 септември, една недела порано отколку што требаше, пишува весникот и напоменува дека изборите мора да бидат распишани најрано за 30 и најдоцна за 60 дена од денот по распуштањето на Парламентот.

Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ изборите може да ги распише на 25 октовмри, 1 ноември, 8 ноември или најдоцна 15 ноевмри, пишува загрепскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top