Комесарката за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини изјави дека интеграцијата на Југоисточна Европа во ЕУ е од големо значење за Унијата и за Балканот, а за тоа да се случи националните влади треба да се откажат од ривалитетите и да се концентрираат на заедничката, регионална соработка и понатамошно приближување кон ЕУ.
Таа во авторски текст за виенскиот дневен весник „Стандард“ напиша дека договорите потпишани на последната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел се пресвртница во односите меѓу Србија и Косово и упатуваат силен сигнал за целиот регион.
– Земјите од Западен Балкан кои имаат јасна европска перспектива, се најблиски до Европа и тоа не само со својата географска положба, туку според вредностите и целите. Граѓаните од регионот се стремат кон подобри социјално економски услови, посилна правна држава и подобра поврзаност на земјите со соседните држави, како и со ЕУ- пишува Могерини.
Таа истакнува дека „одлучувачко подобрување од почетокот на годината е регистрирано во Босна и Херцеговина, како и во Македонија, како и прогресот во дијалог меѓу Белград и Приштина покажува дека земјите се движат во добра насока.
– ЕУ е подготвена и во иднина да ги поддржува договорите кои придонесуваат за решавање на постоечките конфликти во регионот, но за тоа е потребно да постои политичка волја во главните градови на погодените држави – истакнува Могерини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија