| четврток, 6 декември 2018 |

Почна учебната година за 187.000 основци и 81.000 средношколци

За околу 270.000 основци и средношколци денеска почна новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи седнаа и околу 20.000 првачиња.

prvacinja-640x426

Успешен почеток на учебната година на сите ученици во основното и средното образование во Македонија им посака министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, кој денеска го посети основното училиште „Пашко Васа“ во селото Групчин.

– Годинава, во училишните клупи седнуваат 187 илјади основци од кои 20 илјади се првооделенци како и 81 илјада средношколци од кои пак 19 илјади се запишани во прва година, изјави Адеми.

Prvacinja (7) (Custom)

Тој очекува добра соработка со општините и училиштата со цел, како што рече, да има успешна година.

– Продолжуваме како Министерство со проектите за бесплатни учебници, од годинава се воведува образованието по Кембриџ системот за четврто, петто и шесто одделение за математика и природни науки, а догодина тоа ќе ги опфати и седмо, осмо и деветто одделение. Во однос на инфраструктурата свесни сме дека некои училишта бараат обнова и затоа многу скоро ќе се распише тендер за обнова на 23 училишни објекти додека на овој начин веќе е завршено обновувањето на седум училишта. Од годинава нема веќе казни за наставниците поради екстерното оценување туку само награди за оние наставници чиишто ученици покажале одлични резултати на екстерното оценување. Многу скоро ќе започне со работа и академијата за наставници со цел подигнување на квалитетот на наставата – изјави Адеми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top