Проектот за долгометражен игран филм „Полноќен воз“, по сценарио на Ана Јакимска, ја доби единствената награда, која беше доделена на меѓународната работилница за развој на сценарио „Мидпоинт“ што минатата недела се одржа во Чешката Република.
Наградата е учество на авторот и продуцентите на копродукцискиот форум за филмски проекти „Кога Истокот го среќава Западот“, кој ќе се одржи во Трст, Италија на 25 и 26 јануари 2016 година.
„Полноќен воз“ е сценарио за долгометражен игран филм на сценаристката и режисерка Ана Јакимска, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова од Круг Филм.
На „Мидпоинт“ овој проект, беше развиван под менторство на режисерот и професор на ФАМУ, Иво Трајков, како и во консултација со останати доктори по сценарио од ФАМУ и други престижни универзитети и лаборатории за сценарио ширум светот.
На финалето од оваа работилница, проектот „Полноќен воз“, заедно со уште 17 проекти од 15 земји, беше презентиран пред претставници од програми за развој на проекти и копродукциски маркети, продуценти и директори на филмски фондови ширум Европа.
Досега, „Полноќен воз“ ја има добиено наградата за најдобар тритмент на „Иствик“, програма за пишување на сценарија за млади таленти на филмскиот фестивал во Трст, како и финансиска поддршка за пишување на сценарио од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Исто така, Круг Филм со овој проект учествува и на серијата обуки и работилници „МАИА“ наменети за млади продуценти од Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст