Русија бара од САД да се вратат кон рамноправен дијалог врз основа на заемно почитување, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со студенти и професори од Московскиот државен институт за меѓународни односи при Министерството.
Во врска со условите, според кои би можело да се развива пред се соработката меѓу Русија и западните земји, Лавров истакна дека станува збор за „заеднички услови, кои можат да постојат меѓу две меѓусебно почитувани земји“.
– Тоа вклучува заемно почитување на рамноправните позиции на секоја од земјите, внимателност кон меѓусебните интереси и земање предвид на тие интереси. Нема потреба од никакви други услови – потврди шефот на руската дипломатија.
Според него, во последните четири-пет години се создадени повеќе механизми за соработка меѓу Русија и САД, но „се тоа е замрзнато од нашите американски партнери. Ако тие се вратат кон рамноправен дијалог врз основа на взаемно почитување, тогаш ние сме подготвени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.