| четврток, 6 декември 2018 |

Муслиманите треба со свои раце да се борат против екстремизмот

Islamisti-Giordania-Siria-jihad-salafiti

Додека организацијата наречена Исламска држава продолжува да врши масакри на Блискиот Исток, муслиманите треба да ѝ се спротивстават на тоталитарната идеологија која ја мотивира, како и да застанат против други терористички организации. Секој терористички акт, извршен во име на исламот, длабоко ги засега сите муслимани, оддалечувајќи ги од нивните сограѓани и продлабочувајќи го погрешното разбирање за нивните религиозни права.

Не е чесно да го обвинуваме исламот за ѕверствата на радикалните насилници. Но, сѐ додека терористите ја искористуваат религијата, тогаш тие ја искористуваат таа идентичност, дури и само привидно. Во таков случај, муслиманите треба да направат сѐ и со сите сили да спречат тој рак да развие метастази во наште општества. Ако не го направиме тоа, и ние, исто така, ќе бидеме виновни за лошиот имиџ на нашата вера.

Прво, треба да го отфрлиме насилството и да не се доведеме во ситуација на жртва. Тоа што си трпел мачење не е оправдание да го занемаруваш или да не го осудуваш тероризмот. Тоа што терористите прават тежок грев во името на исламот, не е само мое мислење; тоа е неизбежниот заклучок при неоптовареното читање на нашите извори: Коранот и житието на пророкот Мухамед. Основните тези во тие извори ги отфрлаат терористичките дејствија во името на религијата.

Второ – важно е да се поддржи холистичкото разбирање за исламот, доколку тоа понекогаш може да се злоупотреби со флексибилноста за приспособување кон различното потекло на верниците. Основните етички принципи на исламот всушност не се предмет на интерпретација. Еден таков принцип е дека одземањето живот на еден невин е престап против целото човештво (Куран 5:32). Дури и при одбрана за време на војна, насилството врз цивили, особено врз жени, деца и врз духовници, е изречно забрането.

Треба да ги демонстрираме тие вредности, покажувајќи солидарност со луѓето кои се стремат кон мир по целиот свет. Ако се има предвид природата на човековата психологија и динамиката на новостите, очигледно е дека е помалку веројатно гласовите на умрените да ќе предизвикаат внимание, отколку она на екстремистите. Но наместо да ги обвинуваме медиумите, би требало да најдеме иновативни начини за да бидат тие гласови слушнати.

Трето – муслиманите треба јавно да ги поддржат човековите права – достоинство, живот, слобода. Тоа се најосновните исламски вредности и ниту една индивидуа, ниту еден политички или религиозен лидер ја нема власта да ги одземе. Суштината на нашата религија значи почитување на раличностите – културните, социјалните, религиозните и политичките. Според Бога, основната задача на различноста е да учиме едни од други (Куран 49:13). Да го почитуваме секое човечко суштество како божја креација (17:70) исто како да го почитуваме и Бога.

Четврто – муслиманите да обезбедат можности за образование на секој член на својата заедница. Владите и муслиманскиот свет треба да создадат училишна програма која ќе ги учи демократските вредности. Граѓанското општество има задача во распространување на почитувањето и прифаќањето. Тоа е причината за учесниците во движењето Хизмет (движењето раководено од турскиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен) да создаде повеќе од 1.000 училишта и центри за обуки во повеќе од 150 држави низ светот.

Петто – воведувањето на религиозното образование по ислам е од суштинско значење за лишување на екстремистите од оружје, кое тие го користат за да ја распространуваат својата искривена идеологија. Кога религиозната слобода е забранета, како што било со децении случајот со дел од муслиманскиот свет, верата се распостранува скришум, оставајќи можности за интерпретации од неквалификувани и радикални лица.

На крај – од најголемо значење е што исламот ги поддржува еднаквите права на жените и на мажите. На жените треба да им бидат дадени можности и не треба да бидат подложувани на социјален притисок кој ја ограничува нивната еднаквост. Муслиманите имаат свој голем пример во сопругата на пророкот Мухамед, Ајша, високообразована жена, учител и истакнат лидер во заедницата во своето време.

Тероризмот е многустран проблем, така што за неговото решавање се потребни политичари, економисти, социјални и религиозни претставници. Чекорот кон ограничување на проблемот во религијата прави лоша услуга за преплашените млади луѓе, како и за останатите. Меѓународната заедница ќе направи добро ако разбере дека муслиманите се основните жртви на тероризмот – како буквално, така и симболично – и дека таа може да ги маргинализира терористите и да го спречи нивното врбување. Затоа владите треба да избегнуваат изјави и дејствија кои како резултат ќе имаат отуѓување на муслиманите.

Разжестените терористи немаат религија; тие се луѓе кои директно манипулираат со светите текстови. Така како што христијаните не го одобруваат палењето на Коранот или дејствијата на Кју Клукс Клан, а будистите не ги одобруваат ѕверствата против муслиманските рохинги, обичните муслимани не го одобруваат насилството.

Муслиманите имаат значаен продонес во процветувањето на човечката цивилизација. Најголемиот придонес е од времето кога имало заемно почитување меѓу религиите, слободата и справедливоста. Може да биде многу тешко да се поправи искривениот имиџ на исламот, но муслиманите може да се светлината на мирот и спокојот во своите општества.

авторски текст на Фетулах Ѓулен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top