Австрискиот канцелар Вернер Фејман изјави дека е неопходна солидарност во ЕУ за да се спречи бегалската криза, предупредувајќи дека во спротивно ширум континентот може да дојде до подигнување заштитни огради.
Тој најави можност да биде извршен притисок врз другите членки преку преговори за буџетот на Унијата.
– Кога други од нас бараат солидарност, тогаш и ние имаме право да се погрижиме и другите да дадат свој придонес. Ако не успееме да градиме заедничка Европа, ќе имаме насекаде ѕидови – истакна Фајман.
Австрискиот канцелар упати критики до Чешка и до Полска, кои не прифатиле речиси ниту еден бегалец. Тој ја критикуваше и Унгарија поради пропуштање на бегалците, нагласувајќи дека постојат Даблински правила кои јасно укажуваат оти земјата-членка на ЕУ, на чија територија прво пристигнал азилантот, е надлежна за барање за добивање азил.
Како решение за спречување на актуелната криза, Фајман предлага мерки против војната во Сирија, за што, според него, е потребен мандат на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.