Вкупно 3.650 емигранти пристигнаа вчера со воз од Будимпешта во Виена, што е рекордна бројка за еден ден, соопшти австриската полиција.
– Сега сме во процес на проверка, колку од нив бараат азил – изјави полициски портпарол Патрик Мајерхофер.
Вчера унгарските власти им дозволија на мигрантите да заминат со воз за Австрија и за Германија. Голем дел од пристигнатите мигранти во Виена, ноќта ја минаа на железничка станица, со цел да продолжат за Германија, која минатата недела ги олесни условите за добивање на бегалски статус за жителите на Сирија.
Синоќа, околу 400 мигранти пристигнаа со воз од Будимпешта во Минхен.
Германската канцеларка Ангела Меркел, претходно предупреди дека евентуалниот неуспех да се одговори на емигрантската криза ќе ги стави под прашање идеалите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти