Многу жени се лутат кога нивните партнери гледаат во некоја убавица на улица, но мажите откриваат дека таа љубомора е неоснована.
Кога партнерот гледа друга девојка, жената се чувствува загрозено затоа што мисли дека ја споредува со девојката што ја погледнал. Сепак, неговите мисли се целосно други.
Без оглед на тоа колку жената е атрактивна и самоуверена, низ главата ѝ поминува: – Тој ја гледа затоа што таа е поубава.
Потоа ќе протолкува дека не е доволна на партнерот и дека тој размислува за убавата жена и наредните денови.
Иако тие понекогаш мислат дека другата жена е попривлечна од нивната партнерка, сепак тоа не им е важно. Со тоа што тој ја избрал неа, а не убавицата што поминала покрај него, значи дека ѝ е посветен. На крајот на краиштата, не престанува да забележува убави работи само затоа што е во сериозна врска.
Мажите велат дека постои уште една работа што жение треба да ја знаат- тоа што гледаат убава девојка што поминува покрај нив не значи дека за неа фантазира наредните пет дена. Во најголем број случаи „испарува“ од нивните глави веднаш штом помине покрај нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.