По долго време учебната година денеска започнува со поголем број запишани првачиња. Мерките за раст на наталитетот имаат ефект, расте бројот на третородени деца во земјава.
-Она што е добро е дека по поголем број години, дури и децении, ќе имаме пораст на бројот на првачиња. Исто така, можно е да имаме и одреден пораст на бројот на основци. Бројка е околу 190 илјади ученици во основните училишта и она што во моментот го гледаме со растот на бројот на првачиња е благодарение на мерките кои се преземени, на кампањите, и на поттикнувањата на наталитетот, преземени од 2008, 2009 и 2010 година – изјави пратеникот Влатко Ѓорчев во разговор за МРТ.
Тоа значи дека оние првачиња што сега се запишуваат, се деца родени во 2009 година. Оваа година, иако сѐ уште не се готови податоците, но прелиминарните податоци покажуваат дека ќе имаме повеќе од 1.000 запишани првачиња, што е навистина добар податок.
Според Ѓорчев, општините кои имаат карактеристичен раст во бројот на третородени деца се Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка, Зрновци, Лозово, Босилово, односно поголем број на општини во Источна Македонија.
-Општина Охрид, исто така, е карактеристична за повеќе третородени деца, потоа општина Гевгелија, Битола, Прилеп. Од Скопските општини, карактеристичен раст на третородени деца има во општините Аеродром, Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, тоа се едни убави, позитивни трендови кои едноставно треба да се поздрават – нагласува Ѓорчев.
Дека мерките за стимулирање на наталитетот навистина даваат ефекти, сведочи статистиката. Ако во општина Крива Паланка во 2008 година имало само седум третородени деца. Минатата година 27 жени родиле трето дете, а тоа е за четирипати повеќе. Понатаму, во општина Зрновци, во 2008 имало едно третородено дете, а минатата година четири. Во општина Свети Николе, од четири на 19 третородени деца, општина Пробиштип, исто така, има значаен раст .
– Дефинитивно може да се каже дека на ниво на Република Македонија се зголемува бројот на многудетни семејства. Нормално, тука е и онаа поддршка на владата, за секое трето родено дете, поддршка за мајката во висина од 8.400 денари месечно, во текот на десет години, без разлика дали е вработена или невработена, што вкупно се добива бројка од некаде 16.000 евра, како и бесплатните учебници и цела низа мерки кои се навистина поволни – завршува пратеникот Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст