| четврток, 6 декември 2018 |

И јас бев пр­ва­че – Тони Михајловски ја почувствувал првата шлаканица, Викса ја научил животната лекција

Сед­нав и ги кре­нав но­зе­те на клу­па се­деј­ќи на зад­ни­те но­гал­ки на стол­че­то. Учи­тел­ка­та Ве­ра Стој­ков­ска, пре­у­ба­ва и пре­ви­со­ка гос­по­ѓа, со нас­ме­вка се упа­ти кон ме­не. И јас се нас­ме­ав. Таа дој­де до клу­па­та, ја зе­де те­тра­тка­та што бе­ше пред ме­не и фи­но ме исп­ле­ска со неа по гла­ва­та

Prvacinja (5) (Custom)

Пр­ви сеп­тем­ври… ве­ро­јат­но си­те се при­се­ту­ва­ме на на­ши­от „фа­мо­зен“ пр­ви сеп­тем­ври, ко­га на­ше­то сло­бод­но дет­ство за­вр­ши. Об­вр­ска да се оди во учи­ли­ште, до­маш­ни за­да­чи, пис­ме­ни за­да­чи, оцен­ки, но и мно­гу игра, дру­же­ње и за­ба­ва…

Тоа ле­то ед­вај че­кав да дој­де пр­ви сеп­тем­ври. Се­кој ден ги пра­шу­вав мо­и­те кој да­тум е утре… Сѐ до мо­мен­тот ко­га не слуш­нав ка­ко мај­ка ми ми ка­жу­ва – пр­ви сеп­тем­ври. Таа ноќ не спи­ев. Го че­кав го­ле­ми­от ден. И след­ни­те го­ди­ни не спи­ев на тој ден – но не за­што го че­кав на­ред­ни­от ден, ту­ку за­тоа што се пра­шу­вав зо­што го­ди­на­ва пр­ви сеп­тем­ври не е во са­бо­та… И ден де­не­ска се пра­шу­вам  зо­што во на­ше вре­ме 1 сеп­тем­ври ни­ко­гаш не се па­ѓа­ше во са­бо­та.

Се се­ќа­вам на мо­јот пр­ви сеп­тем­ври ко­га мај­ка ми ме од­не­се на мо­јот прв учи­ли­штен ден. Со но­ви свет­на­ти бе­ли чев­лич­ки, уба­во па­муч­но ле­ле­а­во фу­стан­че… Пан­дел­ка­та на гла­ва бе­ше не­из­беж­на. Сто­ев­ме во учи­лиш­ни­от двор и че­кав­ме да нѐ про­чи­та­ат. Си го слуш­нав име­то… Бев гор­да… А зо­што?! Ве­ро­јат­но за­тоа што си го слуш­нав име­то – не­кој знае де­ка по­сто­јам, ме по­ка­ни да вле­зам во згра­да­та за ко­ја се­ко­гаш се пра­шу­вав ка­ко ли изг­ле­да вна­тре… Еден куп збу­не­ти и за­гу­бе­ни де­чи­ња…

Toni-Mihajlovski-3

Се чи­ни таа не­со­ни­ца по­ра­ди воз­бу­да­та де­ка се слу­чу­ва не­што по­и­на­ку во на­ши­от жи­вот е при­сут­на кај се­кое пр­ва­че. Акте­рот То­ни Ми­хај­лов­ски се при­се­ту­ва на не­го­ви­от пр­ви сеп­тем­ври во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

– Страш­но искус­тво. Ку­ма­но­во 1974 го­ди­на, мис­лам бе­ше. ОУ „Вук Ка­ра­џиќ“ – ма­ке­дон­ска па­ра­лел­ка. Има­ше и ал­бан­ски па­ра­лел­ки во исто­то учи­ли­ште. Но­ќта пред тој ден спи­ев ка­ко за­ја­че, на ед­но око. Не одев во за­ба­ви­ште, та­ка се ви­каа то­гаш гра­дин­ки­те. Ед­вај че­кав да трг­нам на учи­ли­ште, та­ка што пот­трч­ну­вав пред мај­ка ми, ко­ја ме но­се­ше на­кај учи­ли­ште­то. Учи­ли­штен двор и сто­ти­ци де­ца. Рај, а јас во не­го – се при­се­ту­ва Ми­хај­лов­ски.

Низ нас­ме­вка рас­ка­жу­ва за пр­ви­те сол­зи во учи­лиш­на­та клу­па.

– Нѐ по­де­ли­ја и вле­гов­ме во сво­и­те учил­ни­ци. Пр­ва клу­па до вра­та. Сед­нав и ги кре­нав но­зе­те на клу­па се­деј­ќи на зад­ни­те но­гал­ки на стол­че­то. Учи­тел­ка­та Ве­ра Стој­ков­ска, пре­у­ба­ва и пре­ви­со­ка гос­по­ѓа, со нас­ме­вка се упа­ти кон ме­не. И јас се нас­ме­ав. Таа дој­де до клу­па­та, ја зе­де те­тра­тка­та што бе­ше пред ме­не и фи­но ме исп­ле­ска со неа по гла­ва­та. Це­ло од­де­ле­ние поч­на да се смее на глас, а јас поч­нав да пла­чам ка­ко не­кој да ме ко­ле. Трг­нав да си одам и ви­кав по мај­ка ми. След­ни­те по­ло­ви­на час ме убе­ду­ваа де­ка тре­ба да оста­нам и де­ка не е во ред да се кре­ва­ат но­зе на клу­па. След­ни­от ден ед­вај ме на­те­раа да трг­нам на­кај учи­ли­ште­то. Ни­ко­гаш по­ве­ќе не ги ка­чив но­зе­те на клу­па – се смее То­ни, кој за цел жи­вот ја па­ме­ти пр­ва­та „лек­ци­ја“ од учи­тел­ка­та Ве­ра.

Viksa-int78-1

Поз­на­ти­от ра­ди­о­во­ди­тел Ви­ктор Пе­тров – Ви­кса во свој стил збо­ру­ва за пр­ви­от ден в учи­ли­ште… И тој ка­ко и То­ни сво­јот пр­ви сеп­тем­ври го имал во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Бил пр­ва­че во скоп­ско­то учи­ли­ште „Јо­хан Хај­нрих – Пе­ста­ло­ци“ во Цен­тар.

Јас сум ге­не­ра­ци­ја 1978-1986 го­ди­на. И тоа вре­ме бе­ше мно­о­о­гу по­и­на­кво од де­нес… На при­мер, знам, имав мо­би­лен број со че­ти­ри број­ки , а на ин­тер­нет се ка­чу­вав­ме со ска­ла – ве­ли Ви­кса.

Да, во вре­ме­то ко­га ние бев­ме пр­ва­чи­ња не зна­ев­ме ни де­ка ќе по­сто­јат мо­бил­ни­ те­ле­фо­ни, за ин­тер­нет, пак, во­оп­што не пра­ви­ме му­а­бет. Но за­тоа зна­ев­ме за џам­лии, зна­ев­ме за кри­ен­ка, за „џа­ми­ја“… Бев­ме де­ца и имав­ме дет­ство.

И Ви­кса, ка­ко и То­ни, ќе ја па­ме­ти „жи­вот­на­та лек­ци­ја“ од сво­ја­та учи­тел­ка.

Пр­ви­от ама нај­пр­ви­от ден, знам, има­ше мно­гу лу­ѓе во учи­лиш­ни­от двор и ни­кој не зна­е­ше што тре­ба да се пра­ви. А, се­пак, има­ше ор­га­ни­за­ци­ја во цел тој сре­ден не­ред. Бев во од­де­ле­ни­е­то на учи­тел­ка­та Ду­шка, ко­ја не до­а­ѓа­ше на ра­бо­та со… ц ц ц баш сте агре­сив­ни, не пу­шка ,ту­ку кру­шка.  Ду­шка нѐ уче­ше раз­ни ра­бо­ти за жи­во­тот ко­га ќе по­рас­не­ме. Се се­ќа­вам на ед­на ре­че­ни­ца што и ден де­нес ми е вгра­де­на ка­ко пра­ви­ло – де­ка не тре­ба да лег­нам на ма­са до­де­ка пи­шу­вам. Од неа ми е и пра­ви­ло­то де­ка се­ко­гаш ко­га мо­жеш тре­ба да им по­ма­гаш на си­те око­лу те­бе, без­ус­лов­но. Тоа пра­ви­ло мно­гу ми се на­о­ѓа во де­неш­но­во функ­ци­о­ни­ра­ње. Впро­чем, ко­га им по­ма­гаш на си­те си по­ма­гаш на се­бе… и дру­ги­те си­гур­но ви­ка­ат „остај го не­го луд е кој го… Па­ме­там де­ка имав­ме ра­бот­на об­ле­ка за да се по­кри­јат раз­ли­ки­те во пла­ти­те на на­ши­те ро­ди­те­ли – рас­ка­жу­ва Ви­кса за сво­јот прв учи­ли­штен ден.

andrijana-janevska

Пе­јач­ка­та Ан­дри­ја­на Ја­нев­ска, ка­ко и се­кое де­вој­че, ја до­жи­ве­а­ло сво­ја­та на­став­нич­ка ка­ко нај­у­ба­ва.

– Мно­гу до­бро се се­ќа­вам на пр­ви сеп­тем­ври ко­га бев пр­ва­че. Имав нај­у­ба­ва на­став­нич­ка. Се ви­ка­ше Ке­ри­ма Ве­ли. Ед­вај ед­вај че­кав да поч­не­ме да учи­ме. Учев во ОУ „Ацо Шо­пов“  во Ра­ди­ша­ни и имам на­ви­сти­на уба­ви спо­ме­ни – ве­ли Ан­дри­ја­на.

Таа со не­тр­пе­ние оче­ку­ва но­ва воз­бу­да за пр­ви сеп­тем­ври – тој пр­ви сеп­тем­ври ко­га пр­ва­че ќе ста­не неј­зи­но­то пр­во син­че.

– И се­га ед­вај че­кам Ди­ми­тар да поч­не да оди на учи­ли­ште за да си ги осве­жам спо­ме­ни­те. На фа­кул­тет ќе поч­нам со пре­да­ва­ња од октом­ври, но се­ка­ко сум ед­на­кво воз­бу­де­на за­тоа што ова е но­во пог­лав­је во мо­јот жи­вот по­со­чу­ва Ја­нев­ска.

Разговараше: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top