| четврток, 6 декември 2018 |

Оптимизам во таборот на македонската репрезентација У-21 пред дуелот со Украина

fudbal
Во пресрет на квалификацискиот дуел против Украина, во рамките на 2.коло од квалификаците за Европско првенство во Полска 2017, кај стручниот штаб и кај фудбалерите владее позитивна атмосфера и очекување да се освојат првите бодови.

– Верувам во квалитетот на овие играчи и очекувам да го покажат вистинското лице на овој важен квалификациски натпревар и да го дадат максимумот. Верувам во оваа генерација за која сметам дека поседува огромен потенцијал. Дополнителен мотив претставува и фактот што ова за нас ќе биде прв натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски”, изјави за веб страната на ФФМ селекторот Благоја Милевски.

Победа очекува и членот на Ујпешт, Енис Барди.

– По повредата од пред два месеци, физички и психички сум подготвен да играм за репрезентацијата. Од Унгарски Ујпешт доаѓам во полна сила и со верба дека заедно со моите соиграчи ќе дадеме се на теренот за да ја однесеме Македонија во победа. Селекторот Милевски е човек што носи голема енергија и многу ентузијазам, затоа и момците се мотивирани и атмосферата е на највисоко ниво. Верувам дека сме квалитетна репрезентација, добра генерација и за довербата што селекторот ја има во нас – треба да возвратиме со победа, порачува Барди.

Дуелот од квалификациите против селекцијата на Украина се игра на 5 септември со почеток од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Два дена подоцна Македонија У-21 ќе одигра контролен натпревар со Австралија (почеток 16:30 часот).

Влезот за публиката е бесплатен на двата натпревара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top