Русија и Светскиот еврејски конгрес претендираат за златото од нацистичкиот воз-трезор, откриен во Полска, информираат руските агенции, цитирани од „Монитор“.Станува збор за оклопниот воз од времето на Втората светска војна, во кој Германците најверојатно го превезувале злато.
Веднаш по веста за откритието во полскиот град Валбжих, рускиот правник Михаил Јоффе изјави дека според меѓународното право, богатството треба да биде предадено на Москва ако се докаже дека тоа било украдено од територијата на поранешниот СССР. Паралелно со тоа, претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роберт Зингер, претпостави дека златото им припаѓало на Евреите загинати во концентрационите логори и затоа тоа треба да им биде вратено на нивните наследници. Полските власти, сепак, ги урнаа надежите на Русија и на конгресот, велејќи дека „според законот сите се наоѓаат на територијата на Полска и вредностите секогаш се пренесуваат во државната ризница“. Тоа го потврди заменик-министерот за култура и националното наследство Петар Жуховски, во интервју за Радио Једунка.
Во меѓувреме, официјална Варшава изјави дека сведочењето од радарот потврдиле присуството на оклопен воз под земја во реонот на градот Валбжих. Композицијата потенцијално се наоѓа во подземниот нацистички комплекс, познат под името Ризе, изграден за време на војната. Според полското издание „Газета Вроцлавска“, возот најверојатно е во напуштен тунел на патот меѓу Валбжих и Свебодзице. Влезот во тунелот сепак е затрупан и според извори на полските новинари ископувањата можат да потраат до половина година. Руските медиуми пишуваат дека не е познато до крај што точно има во возот. Од документи од Втората светска војна, сепак, станува јасно дека во 1945 година за време на повлекувањето од Шлезија, нацистите навистина изнеле од Бреслау (денес гр. Вроцлав) со оклопен воз околу 300 тони злато. Оттогаш, сепак, никој не го видел ова богатство, а обидите да биде најдено биле безуспешни. Новинарот Том Бауер, пак, смета дека во нацистичкиот воз може да се наоѓа легендарната Жолта соба на цар Петар I, која се проценува на 380 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.