| четврток, 6 декември 2018 |

Нова Македонија: Истражниот судија предвреме го напуштил местото каде загина Младенов?!

Весникот „Нова Македонија“ во утрешниот број објавува нови детали од истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов.

Во текст под наслов „Истражниот судија предвреме го напуштил местото на настанот?!“, весникот пренесува изјава на полицаец што бил на местото на несреќата каде што се вршел увидот, кој за весникот тврди оти истражниот судија предвреме си заминал од местото на настанот при увидот на сообраќајката.

Според информациите на весникот, судијата не покажал голема заинтересираност за случајот.

„Тој не дал наредба што да се прави, ниту што да се земе како доказ. Сѐ што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ – пишува за весникот новинарот Томислав Кежаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top