| четврток, 6 декември 2018 |

САД распоредуваат привремено во Летонија беспилотни разузнавачки авиони

U
САД привремено во Летонија распоредија беспилотни разузнавачки авиони „Ем Кју-1 Предејтр“ во согласност со иницијативата за зајакнување на безбедноста на сојузниците на НАТО, објавена оваа година поради заострување на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис.Заедно со авионите во балтичката република се испратени и 70 американски војници од 147. разузнавачка единица на Националната гарда на САД, кои ќе ги обучуваат летониските војници.

– Временото распоредување на тие авиони и воениот персонал ќе овозможи да се провери можноста за дислокација на предната линија на беспилотните авиони и за спроведување операции, кои треба да им покажат на нашите сојузници во Летонија и другите земји од НАТО, како и на нашите партнери во Европа, дека ние ги исполнуваме своите ангажмани за гарантирање на регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на Европската команда на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top