Живееме динамичен живот, па денес малкумина би сакале да губат време, со нешто што долгорочно нема да им го пружи она што го посакуваат.
Уште на почетокот на врската може да откриете дали таа е добра во кревет и да одлучите колку ви тоа важно во врската, односно дали ќе вложувате уште од своето слободно време.
Но, секако не заборавајте дека на жените им се потребни неколку месеци за целосно да се опуштат во сексот, па затоа не избрзувајте:
1. Бакнежот
Според истражувањата, девојките кои малку го користат својот јазик и бакнувањето брзо го прекинуваат, треба да го очекувате најлошото. Но, доколку бакнувањето е сензуално, бавно и секси тогаш воопшто немојте да бидете загрижени.
2. Колкови
Мажите обожаваат да ги гледаат жените во колкови додека се движат, а има и причина за тоа. Начинот на кој жената ги користи колковите, зборува за нејзината контрола врз долните екстремитети. Најдобар начин е да ја проучите додека танцува, бидејќи тогаш доаѓаат во израз нејзините колкови и начинот на кој управува со нив.
3. Допири
Начинот на кој девојката ве допира, кажува многу за нејзиното опуштање во креветот. Ако таа нема проблем да ве допира по рацете, лицето, нозете уште на првиот состанок, тогаш веројатно таа ќе биде целосно опуштена. Нежниот допир по вратот во текот на романтична вечера, дава знак на вистинска тигрица во спалната соба.
4. Изразување
Нема ништо повеќе да го „запали” мажот од стенкањето и воздишките на својата партнерка. Доволно е да види колку таа ужива и неговото задоволство се зголемува. Сензуалните женски звуци ги доведуваат мажите до лудило, а девојките кои не се срамат и немаат намера да бидат тивки во спалната, дефинитивно знаат што прават.
5. Ентузијазам
Многумина не мислат дека тоа е важно, но сепак не се свесни колку грешат. Разговорите за секс се многу важни, можеби не на првите состаноци, но откога врската ќе се задлабочи алудирајте на тоа и разгорувајте ја темата. Извлечете го ентузијазмот од врската и проверете колку вашата партнерка е расположена за овој тип разговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…