Жените согоруваат многу помалку калории од мажите, додека седат пред телевизорот во споредба со мажите, покажуваат резултатите од најновото истражување.
Лекарите кои мерат колку енергија трошат луѓето при секојдневните активности, откриле големи разлики во трошењето на калории кај мажите и жените.
Трите парови кои учествувале во студијата изеле храна која содржи 600 калории, а потоа добиле различни задачи: едночасовен тренинг во салата, три часа чистење и потоа лежење во кревет. Потоа била измерена потрошената енергија.
Мажот кој лежел и гледал телевизија изгорел 640 калории за својата “активност”, а неговата партнерка – само 292.
Жените согоруваат помалку калории од мажите, бидејќи имаат помала мускулна и вкупна маса. Покрај тоа, според истражувањето најлесните домашни работи трошат речиси иста количина на калории како сериозен тренингот, поради што луѓето обично чувствуваат замор после чистење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.