| четврток, 6 декември 2018 |

Американците порачаа „Бомба за Родман“

denis rodman„Се надевам дека Денис Родман ќе е уште таму кога ќе им ги фрлиме бомбите врз глава“, гласи еден од коментарите под низата вести посветени на заканите со војна од Северна Кореја на интернет порталот на познатата телевизиска мрежа СиЕнЕн.

Родман, познатата кошаркарска ѕвезда, но и шоумен, се наоѓа во комунистичката држава каде ќе снима видео-материјал за телевизијата ХБО.

Гостувањето на Родман се случува во моментите на најголемата можна тензија на релација Пјонгјанг-Вашингтон, предизвикана од неодамнешните нуклеарни провокации на Севернокорејците. Сепак, тој е во улога на спортски амбасадор. На фотографиите се гледа како пријателски разговара со комунистичкиот лидер.

Него го придружуваат прочуените Харлем „Глобтротерс“, кои исто така се гости на Северна Кореја. Инаку, Родман е вториот познат Американец кој за кратко време го посети Пјонгјанг. Пред него во јануари, официјалните власти во земјата, го вгостија извршниот директор на „Google“, Ерик Шмит, кој ги посети тамошните компјутерски лаборатории.

Kim Jong-un and Dennis Rodman

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top