| четврток, 6 декември 2018 |

Најбрутална снимка досега: Исламистите со синџири врзаа четири шиити и живи ги запалија (вознемирувачки фотографии)

Припадниците на Исламската држава објавија ново пропагандно видео во кое прикажаа уште еден од своите варварски чинови, а жртви беа четвроица шиити.

На петминутната снимка се гледа како џихадистите со синџири врзуваат четири борци на шиитите, а потоа живи ги палат.

660713_isis01_ff

Жртвите носат портокалови комбинизони, препознатливи за затворениците на Исламската држава, а идентификувани се како борци на провладините сили на Народната мобилизација од југот на Ирак. Заробените шиити биле принудени да ги признаат своите „злосторства“ пред камерата.

-Сега дојде до одмазда… Ние ќе ги нападнеме како што тие нас нè напаѓаа и ќе ги казниме како што тие нас нè казнуваа – вели маскиран џихадост на видеоснимката за која не е познато каде е снимена, ниту на кој датум.

660714_isis02_ff

Масовните погубувања на териториите под контрола на ИСИЛ во Ирак и во Сирија, вклучувајќи отсекување глави, стрелање, давење и палење, често се снимаат и се објавуваат на интернет.

Најновото во низата погубувања беше одмаздата поради фактот дека ирачката војска убила неколку припадници на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top