| четврток, 6 декември 2018 |

Владата најави реконструкција на автопатот Гевгелија- Смоквица

DSC_3413
Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави вчера во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање.
Тој најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија- Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ке бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември – декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско- Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.

-Можам да кажам дека следниот месец во септември започнува темелна реконструкција на автопатот Гевгелија- Смоквица, тоа се 7 милиони евра инвестиција, 10,5 километри, тоа е една значајна работа која ја имаме ветено во програмата и еве сега ќе се реализира. Во моментот тече градбата и проширување на претворање од регионален во експересен на патот Велес- Штип, кој што е во една длабока фаза на проширување и градба, од регионален со две ленти во експересн со четири ленти. До крајот на оваа година очекуваме да почне и градбата на експресниот пат Градско- Прилеп, исто така 4 ленти и очекуваме некаде ноември- декември да почне градбата, како и на патот Ранковце- Крива Паланка. Додека пак, во првата половина на следната година треба да започне и градбата на патот Охрид- Пештани, експресен пат со 4 ленти и патот Кочани- Штип, исто така нов пат со 4 ленти експересн и Радовиш- Штип, исто така експресен пат со 4 ченти, потенцираше Груевски.

Сите овие проекти заедно изнесуваат околу 276 милиони евра.

-Ова се значајни средства за околу 126 километри пат коишто ќе бидат од голема корист не само за граѓаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патишта по кои патуваат луѓе од целата држава, а исто така и странци. Плановите се одлични и подготовките се веќе за тие што не се почнати во завршна фаза, а дел од нив се почнати и се одвиваат, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top