| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Нема мобилизација во Северна Кореја

granica severna juzna korejaСАД сериозно ги сфаќаат воените закани од Северна Кореја, но досега не е забележена поголема мобилизација или разместување на силите во земјата, соопшти денеска Белата куќа.

– Не видовме никакви активности кои би ја поддржале реториката. Би рекол, дека и покрај острата реторика што ја слушаме од Пјонгјанг, не забележуваме промени на положбата на воените сили, истакна портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Во меѓувреме, новата јужнокорејска претседателка Парк Геун-Хје се закани со силна воена одмазда на каква било провокација од Северна Кореја, откако Пјонгјанг соопшти дека двете земји сега се во состојба на војна, продолжувајќи ја вербалната војна на Корејскиот Полуостров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top