Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека миграцискиот бран ќе се зголемува, бидејќи очекува бегалците кои ќе стигнат во Европа да ги поканат и нивните роднини. Земан споредувајќи ја актуелната миграција со природната катастрофа цунами, рече дека таа ќе придонесе да дојде до влошување на афричките и другите веќе дестабилизирани земји.
Земан изјави дека се чувствува како турист на тајландска плажа, кој сака да го слика бранот во далечината, а не е свесен дека бранот може да го повлече. Тој повтори дека би оценил доколку Европската унија ги зајакне своите граници, но бидејќи гледа дека ЕУ не прави ништо, смета дека Чешка самата треба да се грижи за нејзините граници.
Чешкиот претседател, последните месеци критички се изјаснува против бранот на бегалци и тоа особено против оние од Блискиот Исток и од Африка. Според него, поголемиот дел од нив се економски мигранти и тој стравува дека т.н. Исламска држава ќе го искористи миграцискиот бран за да вметне т.н. терористички тајни ќелии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти