Нема доволно пари за следниот круг од разговорите за борба со климатските промени во октомври, ниту за големата конференција за глобалното затоплување во Париз, предупреди денеска во Бон претставничка на ОН, Кристијана Фигерес.
– Со жалење ве информираме дека во моментов ни недостасуваат точно 1,2 милиони евра за да ја покриеме организацијата на средбите предвидени со агендата – рече извршниот секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатските промени, Фигерес.
На средбата за климатските промени во Париз се очекува да се соберат претставници на 195 држави од 30 ноември до 11 декември, кои ќе се обидат да постигнат договор за акција против климатското затоплување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.